Некатегоризирано

Работилници „Замислете ја Европа“ во Битола, Северна Македонија

0
Please log in or register to do it.

Три групи на млади луѓе добија задача да состават карта на Европа, користејќи фотографии кои ја претставуваат европската, балканската и националната македонска култура и историја.

Се дебатираше за позицијата на Северна Македонија во европски рамки, а секоја од групите различно ги постави сликите и ја претстави Европа.

Првата група (средношколци 14-18 години) главно се водеше од географското потекло на сликите, па ги подредија фотографиите на картата на Европа според национални и културни знаменитости.

Втората група (средношколци 14-18) размислуваше поинаку, ги размести фотографиите низ историските периоди и развојот на Европа од античкиот перод па се до денес.

Третата група (студенти на Универзитет 19-29) бараше врски, на пример, меѓукултурните влијанија, како што е појавата на кирилицата и нејзиното ширење, а на централно место беше делото на Толстој, Војна и мир, со заклучок дека Европа е секогаш на работ на војна, како што е денес, но и фактор на мир, кој носи просперитет и благосостојба.

Things to do in Skopje

Reactions

0
0
0
0
0
0
Already reacted for this post.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *